Константин Будеску го постигна победничкиот гол, за Романија со 3:2 да го совлада Чиле во пријателски меч во Грац, Австрија.
Јужноамериканците се вратија од раниот гол за да поведат со 2:1 и покрај тоа што беа со 10 играчи по исклучувањето на Николас Кастилјо, но прво Сипријан Деач израмни на 2:2, пред Будеску да донесе победа за Романците. Инаку, двете репрезентации нема да учествуваат на СП во Русија.
Чиле, кои во претходниот пријателски меч одиграа 0:0 против Данска, беа во негатива по 13 минути, кога Николае Станчиу постигна гол. Кастилјо доби директен црвен картон за удар со лакт кон Алин Тоска, но Чиле израмни преку Гијермо Марипан, а шампионите од Копа Америка, поведоа по час игра преку Лоренцо Рејес.
Чиле во понеделник играат со Србија.