Top Sport

Дипломатски тениски турнир по повод 11.октомври

По повод државниот празник 11 октомври, во организација на Министерството за надворешни работи и Дипломатскиот клуб, а со поддршка на Францускиот институт во Скопје, в сабота, на 6.октомври 2018, со почеток во 9 часот, на терените во тенискиот клуб „Евросет“ (ул. Скупи, бб), ќе се одржи традиционалниот дипломатски тениски турнир.

На турнирот учество ќе земат претставници на дипломатскиот и конзуларниот кор во Република Македонија, претставниците на меѓународните организации и вработени во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Овогодишното издание ќе биде во знак на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Франција и Македонија.

Scroll to Top