Ѕвездата на Интер, Ромелу Лукаку преку Инстаграм побара истрага откако беше навредуван на расна основа од навивачите на Јувентус во контроверзниот вчерашен меч од Копа Италија, праќајќи јасна и кратка порака: „Е.и го расизмот“.
Белгиецот го постигна својот петти гол во последните четири меча, откако во судиското продолжение дадед гол од пенал за израмнување на 1:1 пред ревашнот на „Сан Сиро“. Но, мечот беше во центарот на вниманието поради погрешни причини – група навивачи на зад гоот на Матија Перин го пречекаа со мајмунски извици и гестикулации кон Лукаку.
Белгиецот потоа доби и црвен картон за својата реакција на провокациите, што според неговата менаџерска агенција, „Рок нејшн спортс“ (компанијата на раперот Џеј-Зи), прати долго соопштение осудувајќи ја италијанската Лега Серија А. Лукаку реагираше преку Инстаграм.
„Историјата се повторува. Го поминав ова во 2019… И сега во 2013 година повторно… Се надевам дека лигата конечно ќе преземе вистинска акција бидејќи во оваа прекрасна игра треба да уживаат сите. Ви благодарам за пораките за поддршка. Е.и го расизмот“, напиша Лукаку.
Тој доби серија пораки на поддршка, како од Марио Балотели, човекот кој повеќе пати беше расистички напаѓан во својата родна Италија, како и Винисиус Жуниор, кој имаше проблеми со расизмот во шпанската лига, но и Килијан Мбапе и Ашраф Хакими.
Јувентус пак, објавија дека соработуваат со полицијата за да се пронајдат и уапсат тие навивачи од „Алијанц арената“.