Top Sport

Ромеро пред портите на Тотенхем, Демирал негова замена во Аталанта

Откако стана јасно дека Аталанта ќе ја прифати понудата од 55 милиони евра за Кристијан Ромеро од Тотенхем, од Италија се потврдува дека негова замена во клубот ќе биде Мерих Демирал од Јувентус.

23-годишниот турски репрезентативец пристигна во Торино во 2019 од Сасуоло, но не успеа да влезе во првиот состав на „бјанконерите“ и сега се подготвува за нов почеток под Џанпјеро Гасперини.

Тој ќе премине во Бергамо првично под позајмица, со опција за купување за 30 милиони евра, а Јуве ќе добие и дополнителен процент од било кој следен трансфер. Демирал е второ засилување на одбраната во Аталанта, откако Матео Ловато пристигна од Верона минатата недела.

Од друга страна, Аргентинецот Кристијан Ромеро е пред портите на Тотенхем, откако Аталанта ја прифатила понудата од 50 милиони евра плус 5 милиони евра бонус.

Scroll to Top