Top Sport

Фабињо потпиша нов петгодишен договор со Ливерпул

Бразилецот Фабињо на долги патеки се обврза кон Ливерпул, откако потпиша нов петгодишен договор со „црвените“.

27-годишниот Бразилец пристигна на „Енфилд“ од Монако во 2018 година, и се покажа како клучен играч на Јирген Клоп, играјќи и во средината на теренот и како десен бек кога беше потребен. Тој сега останува во Ливерпул барем до 2026 година.

„Пресреќен сум што имам нов договор со клубот, бидејќи од почетокот бев позитивен и знаев дека сакам да останам во Ливерпул. Последните три сезони ми беа најадобри во животот, научив многу од менаџерот и остваривме големи работи. Ова е најдоброто место да се биде“, вели Фабињо.

Покрај Фабињо, Клоп се обидува да ја осигура и долгорочната иднина на уште неколку членови на првиот тим – Алисон, Виргил ван Дајк, Енди Робертсон и Мохамед Салах. Ливерпул имаа тивко лето со трансферите – единствено дефанзивецот на РБ Лајпциг, Ибрахиме Конате е ново име меѓу тимот.

Scroll to Top