Top Sport

Ромеу платил од сопствен џеб за да се врати во Барселона

Денеска Барселона го потврди трансферот на Ориол Ромеу од каталонските ривали Џирона, за 31-годишниот поранешен член на академијата на Барса да стане четвртото засилување ова лето по Илкај Гундоган, Ињиго Мартинез и Витор Роке.

Според „Спорт“, Барселона платиле само 3.4 милиони евра за неговиот потпис, а целиот трансфер вредел 4 милиони евра, што значи дека самиот фудбалер платил 600.000 евра. Ромеу исто така се откажал од дел од својата плата, а неговиот агент Магиц Дијаз од провизијата за трансферот за фудбалерот од средниот ред.

Ромеу ќе треба да биде барем привремена замена за Серхио Бускетс.

Scroll to Top