Бразилската фудбалска легенда, Роналдињо имал позитивен тест на корона вирусот, објавуваат јужноамериканските медиуми.
40-годишниот поранешен фудбалер на Барселона се чувствувал добро, немал симптоми и се наоѓа во изолација во Бразил.
Ова е уште еден пех за Роналдињо оваа година, откако помина неколку месеци во затвор и во домашен притвор во Парагвај поради влегување во земјата со фалсификуван пасош.