Top Sport

Роналдињо е слободен човек

Некогаш најдобриот фудбалер во светот Роналдињо Гаучо кој од шест месеци беше во притвор во Парагвај е пуштен на слобода. Роналдињо и неговиот брат Азиз беа уапсени на почетокот на март откако во државата влегле со фалсификувани пасоши.

Поранешниот фудбалер на Барселона, Милан, ПСЖ и неколку други клубови дел од казната мина и во затвор во близина на Асунсион каде неколку пати играше фудбал со своите „колеги“.

Судијата Густаво Амариља ги ослободил Роналдињо и неговиот брат и тие можат да се вратат во Бразил.

Scroll to Top