Роналдињо беше најголемата ѕвезда во летниот преоден рок во 2003 година. Бразилецот тогаш од ПСЖ се пресели во Барселона. Малку е познато дека тоа лето Роналдињо требало да се пресели во Манчестер Јунајтед, меѓутоа во последен момент се премислил и ја сменил дестинацијата.
„Фергусон ја заврши работата. Клубот имаше подготвено се за официјална промоција, беа подготвени и дресови на Јунајтед со неговото име и бројот. И тогаш, буквално во последен момент Роналдињо се премисли и замина во Барселона. Бев лут, како и останатите играчи на Јунајтед бидејќи бевме воодушевени што ќе имаме таков соиграч“, открил за Би-би-си Пол Сколс.
„Еј, Роналдињо! Бевме толку возбудени со нетрпение го очекувавме во соблекувалната. Тој требаше да биде Ерик Кантона на нашата генерација. Меѓутоа наместо во Манчестер Јунајтед тој замина во Барселона. Неколку дена подоцна игравме против нив подготвителен натпревар сите одевме на него, со мавање сакавме да му се одмаздиме што не изигра“.
Ка крајот Манчестер Јунајтед сепак добро помина во тој преоден рок. Дел од парите предвидени за трансферот на Роналдињо, Алекс Фергусон, ги насочи кон тогаш непознатиот 18 годишник Кристијано Роналдо. Останатото е историја.