Легендата на бразилскиот фудбал, Роналдињо смета дека не би имал многу подобра кариера да не мислел многу за забавите, и признава дека не очекувал Лео Меси да заигра за Пари Сен-Жермен.
Роналдињо и Меси се сретнаа пред мечот од ЛШ помеѓу ПСЖ и РБ Лајпциг во вторникот, кога беше гостин на својот поранешен клуб, по што даде интервју за францускиот весник „Ле паризиен“.
„Беше убаво да се сретнеме, секогаш сум бил во добри односи со Меси и со Нејмар и беше одлично да ги видам повторно. Сите во Бразил ја знаат вредноста на Нејмар и покрај сите проблеми. Кога Лео беше во барселона се зборуваше за неговите квалитети, но никогаш не очекував да го видам во дрес на ПСЖ. Целта е да се освои Лигата на шампионите и со такви играчи тоа може да се случи“, вели Роналдињо.
Бразилецот ја освои „Златната топка“ во 2005 година, една година пред со Барселона да триумфира во Лигата на шампионите, а со каталонскиот клуб освои и уште две титули од Ла лига, додека со Бразил стана светски шампион во 2002 година.
„Не жалам за минатото и мислам дека не би имал поважна или позадоволувачка кариера да не одев на сите тие забави. Воопшто не се каам и среќен сум со мојот живот. Имам среќа што Господ ми даде толку многу и секогаш сум бил среќен човек“, вели Роналдињо, кој се пензионираше во 2015 година со 266 гола во 699 меча во кариерата.
#SociétéPolitiqueMédias – Encore étincelant mardi en Ligue des champions face au RB Leipzig, Kylian Mbappé impressionne Ronaldinho. Dans une interview au Parisien, l'ancien génie… #InfoFlash https://t.co/Z26LrBBGk6
— ?? InfoFlash_13 (@InfoFlash13) October 22, 2021