Top Sport

Роналдињо се „отвори“ за куќниот притвор: Вечна благодарност до Барселона

Бразилската фудбалска легенда Роналдињо признава дека поминал „долги 60 дена“, давајќи интервју во куќен притвор во Парагвај пред неговото судење за влегување во земјата со лажен пасош.

Роналдињо помина 32 дена во затвор, пред да биде префрлен во куќен притвор во хотелот со четири ѕвездички „Палмарога“ во Асунсион. Сега, во интервју за „Мундо депортиво“, 40-годишната легенда првпат проговори за неговиот живот во овие услови.

„Тука во ’Палмарога’ имаме одличен третман. Сите работи се на своето место, ние сме смирени и тие ни помагаат времето да ни помине пријатно. Но, ова беа долги шеесет дена. Луѓето кои се навикнати на своите домови можат да замислат како е кога не си навикнат на нешто. Ова компликувано искуство ќе остане со нас засекогаш“, вели Роналдињо.

Додека беше во затворот, Роналдињо загуби меч во двојки од еден осуден убиец и од еден крадец, а на локалниот футсал турнир постигна пет гола и имаше шест асистенции.

„Барем имаме вежбална каде што можеме да работиме“, вели Роналдињо.

Хотелот во кој тој престојува е во сопственост на групацијата на Барселона и тој е благодарен на својот поранешен клуб.

„Барселона и јас дефинитивно сме обединети засекогаш. Тоа секогаш ќе биде мојот вотр град. Фановите ми се уште во срцето“, додава Роналдињо.

Scroll to Top