Еден од најдобрите фудбалери на својата генерација, Бразилецот Роналдињо Гаучо, бил подготвен да се врати на фудбалските терени.
Медиумите на Малта пишуваат дека славниот Бразилец бил во преговори со фудбалскиот клуб Бирикиркара. Роналдињо има 39 години, а својот последен меч го одиграл уште во 2015 година за Флуминенсе.
Неговиот брат, кој инаку му е и менаџер, во јануари 2018 година објави дека Роналдињо ја завршил кариерата.
Роналдињо, светски првак со Бразил во 2002 година, два пати од ФИФА бил избран за играч на годината, а во 2005 година ја освоил и престижната „Златна топка“.