Кога Филип Кутињо реши да замине од Ливерпул и да потпише за Барселона, тој призна дека Бразилците секогаш биле важни за клубот, посебно покажувајќи ја својата љубов кон Роналдињо, кој неодамна објави дека се повлекува од спортот.
Влијанието на Роналдињо на „Ноу камп“ очигледно уште е големо, и тој ја искористи шансата да му посака среќа на својот сонародник пред неговото деби за клубот во реваншот против Еспањол во Копа дел Реј вечерва.
„Ти посакувам многу среќа. Само дади го својот максимум и направи ги луѓето среќни. Ти само уживај, другото само ќе дојде“, изјави Роналдињо.