Top Sport

Роналдињо сонува да игра за тимот на Марадона

Аргентинскиот весник „Ел диа“ тврди дека Роналдињо покрај легалните проблеми со кои се соочува во Парагвај, каде што уште е во куќен притвор, има план да се врати на фудбалот и тоа во Гимназија Ла Плата, клубот каде што тренер е уште една контроверзна фудбалска легенда, Диего Марадона.

Според нивните извори 40-годишниот Роналдињо „сонува“ да игра под Марадона, неговиот фудбалски идол и дека тоа веќе му го кажал на Аргентинецот.

Сепак, за да почнат било какви преговори за можен ангажман, Роналдињо мора да ги реши проблемите со законот, бидејќи уште е во куќен притвор во хотел во Парагвај поради обид за влегување во земјата со лажен пасош заедно со неговиот брат.

Scroll to Top