Top Sport

Роналдињо уште го „бива“ – супер хет-трик на плажа (видео)

Роналдињо е еден од бразилските фудбалери на кои сигурно не му недостасува талент. Ова ветеранот со финансиски проблеми го покажа уште еднаш со спектакуларен хет-трик во фудбал на плажа.

На покана на прошталниот меч на легендата на фудбал на плажа на Бразил, Жоржињо, 38-годишниот Роналдињо играше во егзибициски меч против Јапонија и го покажа својот осет за голови и воедно се пофали на социјалните мрежи со видео.

„Многу задоволство во учеството на прошталниот меч на оваа голема ѕвезда, вистинска брат кој ми го донесе животот. Благодарам за поканата Жоржињо“, напиша Роналдињо на Инстаграм.

Scroll to Top