Top Sport

Циндриќ цел февруари ќе биде во аут по повредата од Мундијалот

Екс-ракометарот на скопски Вардар, Хрватот Лука Циндриќ по се изгледа цел февруари ќе биде надвор од ракометните терени поради повредата на мускулот која ја заработи на Мундијалот во Германија и Данска, додека настапуваше за репрезентацијата на Хрватска.

Информациите кои доаѓаат од Киелце, матичниот клуб на Циндриќ каде настапува последните 6 месеци се дека повредата не е наивна и бара мирување.

Хрватот по се изгледа дека нема да биде фит на најмалку 3 од последните четири меча на неговиот клуб во групната фаза во Лигата на шампиони каде полскиот тим, кој е во групата со Вардар, се наоѓа на 5. позиција со 12 бодови.

Scroll to Top