Top Sport

Роналдињо ужива во домашниот притвор – журки, алкохол и манекенки

Беше уапсен на почетокот на годинава затоа што заедно со брат му Роберто влегоа во Парагвај со лажни пасоши. Роналдињо во затвор помина 33 дена.

Таму играше турнир во мал фудбал, а од затворот излезе со кауција од 1.6 милиони евра.

Сега е во Асунсион, главниот град на Парагвај каде остатокот од казната ќе ја помине во домашен притвор, во луксузен хотел.

Весникот „Hoy” пренесува дека на екс-фудбалерот воопшто не му е лошо во притворот.

Информациите се дека секој ден прави журки, музика ечи, постојано се доставува алкохол, а константно доаѓаат и различни манекенки и потоа заминуваат со автомобили со затемнети стакла.

Scroll to Top