Top Sport

„Дрим-тимот“ на ФИБА е со Спанулис, Дијамантидис, Гасол, Новицки и Јасикевичиус

Кошаркарските навивачи во Европа ги селектираа петмината најдобри кошаркари во последните 20 години и гласаа за нив преку веб-сајтот на ФИБА.

поред вкупниот број на гласови, најдобрата петорка за периодот 2000-2020 година ја сочинуваат Пау Гасол (Шпанија), Дирк Новицки (Германија), Василис Спанулис и Димитрис Дијамантидис (Грција) и Шарунас Јасикевичиус (Литванија).

Пау Гасол е трикратен европски првак и два пати прогласуван за најкорисен играчи на Евробаскет.

Дирк Новицки на трипати на Европските првенства беше најдобар стрелец, а во 2005-та стигна и до МВП признанието.

Шарунас Јасикевичиус, во 2003. и во 2007. година, кога освои бронза на Евробаскетот.

Грчкото дуо освои злато на Евробаскетот во Србија и Црна Гора во 2005 година. Спанулис има и бронза од ЕП во 2009. година.

Scroll to Top