Фудбалските фанови можат да бидат среќни што живеат во ерата на двете легенди, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но сигурно веќе им стана здодевно да читаат вести за ривалството меѓу двајцата фудбалери.
Според каталонскиот весник „Мундо депортиво“, ривалството оди дотаму што Роналдо во преговорите со Реал Мадрид за продолжување на договорот, има едно необично барање – да добива едно евро повеќе од платата на Меси во Барселона.
Реал Мадрид наводно му понудиле договор со кој би заработувал 30 милиони евра на „Бернабеу“, плата со која би бил помалку платен од Нејмар и Меси. Бразилецот заработува 36.4 милиони евра годишно во Пари Сен-Жермен, додека Меси добива 40 милиони евра со новиот супер-договор со Барселона. Договорот на Роналдо трае до 2021 година.
Според „Мундо депортиво“, Португалецот имал само едно барање – да има плата од едно евро повеќе од Меси, а покрај тоа да добива бонуси за освоените титули, клупски и индивидуални, како и за „Пичичи“ наградата за најдобар стрелец во Шпанија, бидејќи тој како бренд носи голема вредност за Реал Мадрид.
Фото: ЕПА