Top Sport

Роналдо би се вратил во Јунајтед за 30 милиони евра годишно?

Кристијано Роналдо сериозно размислува да се врати во својот поранешен клуб Манчестер јунајтед, откако пораснаа фрустрациите со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, тврди шпанскиот портал „Диарио гол“.

Според шпекулациите, Роналдо е лут на Перез по одложувањето на преговорите за нов договор со зголемена плата (наводно Португалецот барал идентична плата како Лео Меси во Барселона, плус едно евро), додека американските сопственици на Јунајтед биле подготвени да му дадат фантастични 30 милиони евра годишно. Според „Диарио гол“, „клучот“ на целата операција е спонзорот на Јунајтед, „Шевролет“, кој е главен спонзор заедно со „Адидас“ и е подготвен да плати за промоцијата која би ја добил со еден од најдобрите фудбалери во историјата.

ЦР7 покрај тоа што уште е во зенитот на своите квалитети, како што покажа последните месеци за Реал Мадрид во клучните мечеви од Лигата на шампионите, со себе носи огромен маркетиншки потенцијал, кој имињата како Алексис Санчез и Пол Погба едноставно го немаат.

Останува да се види дали оваа шпекулација на „Диарио гол“, кој во минатото правеше и други спектакуларни најави, може да се оствари.

Фото: ЕПА

Роналдо бара иста плата како Меси ПЛУС едно евро

Scroll to Top