Top Sport

Роналдо: Да бев Бразилец ќе освоеја уште пет светски титули

Кристијано Роналдо на својот соиграч Данило му кажал дека Бразил со него во тимот би освоил пет светски шампионати.

Данило и Роналдо биле соиграчи претходно и во Реал Мадрид. Токму бразилскиот бек открил дека еднаш Роналдо му рекол дека Бразилците со него во тимот би имале пет светски титули.

„Роналдо и јас се познаваме уште од Реал, убаво е што повторно можам да играм со него. Ми има кажано дека ќе освоевме уште пет светски првенства доколку тој играл за Бразил“, открил Данило.

Бразил на вечната листа води со пет светски титули, една помалку имаат Италија и Германија.

Крстијано Роналдо нема светска титула со Португалија. Со својата земја тој во 2016 стана европски првак.

Scroll to Top