Top Sport

Шампионите паднаа пред Дончиќ и Прозингинс (Видео)

Европскиот тандем на Далас Маверикс, Лука Дончиќ и Кристапс Прозингинс, испиша историја во НБА лигата во победата над актуелните шампиони Торонто Репторс 110:102. Словенецот и Летонецот се првите играчи родени надвор од САД кои на постигнале повеќе од 20 поени и имале 15 или повеќе скокови.

Далас ја забележаа седмата победа во 12 натпревар сезонава против Торонто. Дончиќ го предводеше тимот со 26 поени, седум асистеции и 15 скока, додека Прозингинс запиша 20 поени и 15 скока. Кај Торонто се истакнаа Пауел со 26 и Вавилт со 24 коша.

Рекорд синоќа постави и Џејмс Харден. Играчот на Хјустон во победата над Минесота 125:105, кон кошот на противникот шутирал 41 пат (22 пати за три поени). Харден натпреварот го завршил со 49 поени. Хјустон имаат седум победи во низа и скор 10-3.

Лос Анџелес Клиперс, без Каваи Ленард, ја декласираа Атланта со 150:101. Уште еден блескав меч одигра Пол Џорџ (37 поени), а неговиот соиграча Лу Вилијамс уфрли 25 коша.

Резултати:

Чикаго-Бруклин 111:117
Индијана-Милвоки 83:102
Њујорк-Шарлот 102:103
Мајами-Њу Орлеанс 109:04
Сан Антонио-Портланд 116:121

Scroll to Top