Кристијано Роналдо вчера имаше фантастичен меч во кој постигна два фантастични гола за да ја предводи Португалија до 2:0 победа на гостувањето кај Шведска за да стигне до вкупно 101 гол за својата репрезентација, останувајќи на само осум од израмнувањето на рекордот на Иранецот Али Даеи.
Остварувањето секако е фантастично, посебно бидејќи досега им дал веќе седум голови на Швеѓаните, кои се редовни „муштерии“, како и репрезентацијата на Литванија. Луксембург, Андора, Летонија и Ерменија.
Меѓутоа, дел од фудбалските фанови на Интернет забележааа дека во овие 101 голови отсуствуват некои големи репрезентации против кој Роналдо не успеал да се запише во листата на стрелците: Италија, Англија, Франција, Бразил…