Top Sport

Роналдо делеше автограми, се сликаше со фановите и ги мина лекарските прегледи (Видео)

Кристијано Роналдо синоќа пристигна во Торино, а денес ги мина лекарските прегледи во својот нов клуб, Јувентус. Португалецот, во текот на денот, ќе го потпише договорот, а потоа „старата дама“, ќе го претстави своето најскапо засилување во историјата.

foto: epa

Роналдо беше пречекан од фанови на Јувентус, а имаше и време да се фотографира со некои од нив и да дели автограми.

Трансферот на 33-годишниот Роналдо во Јувентус е „тежок“ 112 милиони евра, 100 милиони од оваа сума одат кај Реал.

Португалецот по девет години го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Јувентус ќе биде четвртиот клуб во неговата кариера по Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Scroll to Top