Кристијано Роналдо успеа да им го украде шоуто на соиграчите и нивната блескава игра со која ја декласираа Швајцарија со 6:1 во осминафиналето на 22.Светско првенство.
Роналдо ги одигра последните 15 минути, а откако заврши натпреварот, прв замина во соблекувалната, не остана да ги поздрави навивачите.
На патот кон соблекувалната, во микс зоната, тој демантираше дека ќе се пресели во Саудиска Арабија, во Ал Наср.
„Не, не, тоа дефинитивно не е точно“…
Да потсетиме, пред неколку дена се појави информација дека споменатиот клуб му нуди дури 200.000.000 евра по сезона. Роналдо по завршувањето на Мундијалот нема да се врати во Манчестер, откако поради неговите изјави, Јунајтед реши да го раскине неговиот договор.
Кристијано Роналдо од 1.јануари ќе биде играч на Ал-Наср и ќе заработува 200 милиони евра годишно