Манчестер јунајтед му дал дозвола на Кристијано Роналдо да си замине, пренесува „talkSPORT“, повикувајќи се на извори блиски до клубот . Португалецот пред еден месец побара дозвола да го напушти клубот, бидејќи Јунајтед сезонава нема да играат во Лигата на шампионите.
Незадоволен што клубот не одговори позитивно на неговото барање, тој ги пропушти практично сите подготовки и се приклучи на тимот само една недела пред почетокот на сезоната.
Во текот на целото лето се зборуваше за различни опции на кои размислува Кристијано Роналдо, се споменуваше враќање во Шпанија, па дури и во Спортинг, а пред само два дена се пишуваше дека го одбиле и двата клуба од Милано, Интер и Милан.
Незадоволството секако е големо во целиот тим на Манчестер Јунајтед, се навестуваше дека цел тим сака Роналдо да си замине, а како што пишуваа британските медиуми во вторникот, клубот конечно му дал дозвола да си замине.
Прашањето е само каде може да оди и дали воопшто ќе замине.