Top Sport

Роналдо добива вистинско богатство од „Најк“

Кристијано Роналдо има супер-богат спонзорски договор со „Најк“, покажуваат новите податоци откриени од „Фудбал ликс“ и германскиот весник „Дер Шпигел“, кои ги истражуваат финансиските нерегуларности во големите фудбалски клубови.

Тие го откриваат најголемиот спонзорски договор во фудбалот, кој покажува дека ЦР7 добива минимално 162 милиони евра од „Најк“ според договорот потпишан во 2016 година. Роналдо тогаш потпиша десетгодишен договор со американската компанија, чиј пулен ќе е до 2026 година.

Тој добива 16 милиони евра годишно од „Најк“, плус бонус од 4 милиони долари ако добие некоја од „глобалните“ награди за најдобар фудбалер на светот. Тој ги освои овие награди во 2016 и 2017 година, добивајќи по 20.2 милиони евра. Роналдо има најбогат договор меѓу спортистите, и сега можеби е појасно зошто секогаш е лут кога нема да добие индивидуална награда.

„Најк“ на извештајот одговори со кратко соопштение: „Не ги објавуваме договорите со спортистите јавно“.

Scroll to Top