Пјотр Листерман е позната личност во источниот дел на Европа, во Русија и Украина. Тој воведува млади девојки во светот на славните, преку својата агенција за посредување.
Во интервју за украинскиот „Gordonua.com“, тој открил шокантни детали од врската што пред неколку години ја имаа манекенката Ирина Шајк и еден од надобрите фдбалери во историјата Кристијано Роналдо.
Листерман ги споил Шајк и Роналдо во 2010 година, а тври дека нивната врска била само маска за јавноста.
„Вистина е дека јас ги споив. Тоа требаше да биде маска која требаше да му донесе дополнителна популарност. Кристијано сакаше млади момчиња, но не сакаше да ги разочара своите фанови. Подоцна можеби се вљубија, но на почетокот добро ги играа своите улоги. Јас бев исплатен за моето посредување“, тврди Листерман.
Уште еден негов познат пример на спојување е врската помеѓу Мартина Навратилова и поранешната мис Јулија Лемигова.