Top Sport

Роналдо е „Мистер ЛШ“, деби-гол за Санчо, Баерн не признава украинска зима

Мајкл Керик во својот прв меч како привремен тренер на Манчестер јунајтед ја забележа првата победа, благодарение на Кристијано Роналдо и неговиот 144. гол во Лигата на шампионите, кој беше доволен „ѓаволите“ да стигнат до 2:0 победа на гости кај Вилјареал и да се пласираат во осминафиналето на ЛШ.

Во снежниот Киев пак, Роберт Левандовски постигна магичен гол за Баерн Минхен да стигнат до 2:1 победа, нивна петта во пет меча во елитното европско натпреварување.

На „Керамика“ во Вилјареал, стартот на мечот доцнеше неколку минути додека судијата Феликс Брих ги среди проблемите со неговите слушалки, а Керик се реши да старува со Дони ван де Бек и со Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд на клупата. Во слабото прво полувреме, двете екипи имаа малку шанси, иако тие на Вилјареал беа позначајни.

Со влегувањето на Фернандеш и Рашфорд во игра, нападот на Јунајтед изгледаше подобро, за во 78. минута од мечот, по невнимателноста на одбраната на домаќините и добрата реакција на Фред, Кристијано Роналдо со убав удар го матираше голманот Рули за негов шести гол оваа сезона во ЛШ и вкупно 144. во кариерата. Џејдон Санчо, скапото засилување на Јунајтед, кој беше предмет на потсмев откако немаше ниту еден гол или асистенција оваа сеозна, ја потврди победата во 90. минута.

На „Олимпискиот стадион“ во Киев, Левандовски во 14. минута постигна фантастичен гол со ножички, а Кингсли Коман зголеми на 0:2 во 44. минута, додека домаќините постигнаа гол во 70. минута преку Денис Гармаш.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО

ГРУПА Е

Динамо Киев – Баерн Минхен 1:2

Барселона – Бенфика 21.00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ф

Вилјареал – Манчестер јунајтед 0:2

Јанг бојс – Аталанта 21.00 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top