Top Sport

Роналдо е најдобриот играч на Манчестер јунајтед на сите времиња (Видео)

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед, на својата интернет страница, организираше гласење, со цел да го избере најдобриот играч на сите времиња.

Манчестер јунајтед, во последното премиерлигашко коло, го одигра 1.000 натпревар во најсилната англиска конкуренција. По тој повод клубот го организираше гласањето.

За оваа награда се бореле Кристијано Роналдо, Рајан Гигс, Дејвид Бекам, ср Боби Чарлтон, Џорџ Бест и уште неколкумина други леендарни фудбалери на „црвените ѓаволи“.

Изненадувачки, навивачите за најдобриот играч во историјата на јунајтед, го избрале Кристијано Роналдо.

Португалецот добил 24 отсто од гласовите, три отсто помалку гласови добил Гигс.

Роналдо, шест години го носел дресот на Јунајтед, а во 2008 година ја освои Лигата на шампионите.

Исто така, навивачите го избрале голот на Вејн Руни против Манчестер сити за најдобар во клупската историја, а најдобрата одбрана во историјата ја има актуелниот голман Давид Де Хеа.

Scroll to Top