Top Sport

Свитолина прва финалистка во Рим

Украинската тенисерка Елина Свитолина е првата финалситка на мастерс турнирто во Рим.

Свитолина, во полу-финалето, ја победи Естонката Анет Контавеит со 2-0 (6-4, 6-3).

Украинката беше подобра од својата противничка, од стартот го наметна својот ритам, а Естонката само еднаш имаше предност и тоа 2-3 во првиот сет.

Свитолина в недела ќе го игра своето 14.финале во кариерата, прво на турнирите од мастерс серијата.

Нејзина противничка во финалето ќе биде подобрата од пресметката Марија Шарапова-Симона Халеп.

Scroll to Top