Жорж Мендеш, менаџерот на Кристијано Роналдо, на англиските медиуми им потврдил дека неогивот клиент е среќен во Манчестер јунајтед.
Дел од медиумите шпекулираа дека Роналдо се покајал што се вратил на „Олд Трафорд“. Мендеш ги демантира тие гласини.
„Кристијано Роналдо е среќен во Манчестер јунајтед. Тој ќе продолжи со одличните настапи, какви што има низ целата кариера. Сигурен сум дека ќе има одлична сезона“, рекол Мендеш.
Од почетокот на сезоната, Роналдо за Јунајтед има одиграно 23 натпревари, успеа да постигне 11 голови.