Top Sport

Роналдо е во карантин во Португалија

Фудбалерот на Јувентус Кристијано Роналдо се наоѓа во карантин во родната Мадеира, откако беше откриено дека неговиот соиграч Даниеле Ругани е заразен со коронавирусот. Поради тоа комплетниот тим на Јувентус е во изолација.

Роналдо не е во карантин со соиграчите бидејќи веднаш по неделниот натпревар со Интер заминал дома, во Португалија за да биде покрај својата мајка Долорес, која пред две недели доживеа мозочен удар.

Како што пренесуваат италијанските медиуми Роналдо нема намера да се враќа во Италија. Португалецот добил дозвола со приватен лет да се врати во Торино, но тој решил да почека ситуацијата да се стабилизира.

Инаку сите спортски активности во Италија се прекинати до 3 април.

Scroll to Top