Top Sport

Роналдо-ефект: Јуве ги продаде сите сезонски билети!

Италијанскиот шампион Јувентус потврди дека ги распродаде сите сезонски билети за сезоната 2018/19 за само една недела по доаѓањето на Кристијано Роналдо во Торино.

И покрај тоа што цената на билетите беше за речиси 30 отсто повисока од минатата сезона, тие се распродадоа за рекордни пет дена (продажбата почна на 15 јули).

Секако, и без Роналдо во клубот, многу од навивачите на Јувентус ќе продолжеа да го следат својот омилен клуб, но според „Скај спортс Италија“, „старата дама“ од продажбата ќе инкасира околу 30 милиони евра.

Scroll to Top