Top Sport

Кармело ќе биде „трејдуван“, па ќе стане слободен агент

Оклахома Сити тандер решија да го „трејдуваат“ Кармело Ентони и еден пик од првата рунда на драфтот во 2022 година на Атланта хокс, од каде ќе дојдат Денис Шродер и Мајк Маскала, тврдат повеќе американски медиуми.

Сепак, престојот на Ентони во Атланта ќе трае кратко – неговиот договор ќе биде откупен и тој ќе стане слободен агент, по што човекот кој зад себе има 15 НБА сезони ќе преговара со Хјустон рокитс, но и Мајами хит.

Тандер од друга страна ќе го пратат Маскала во Фиалделфија за да ги добијат Тимоти Луваву-Кабарот и Џастин Андерсон, додека ќе го задржат Шродер.

34-годишниот Ентони наводно преговарал со Оклахома сити во последните две недели за да се изнајде начин да се разделат така што тој ќе добие нов тим, а Тандер ќе заштеди 100 милиони долари во плати и во казни за „лускуз“.

Scroll to Top