Кристијано Роналдо еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, на социјалните мрежи споделил слика на која тој е со својот поранешен тренер сер Алекс Фергусон.
Легендарниот тренер го донесе Кристијано во 2003 година на „Олд Трафорд“. Тој е една од најзначајните личности во кариерата на славниот португалски фудбалер.
Роналдо, го искористи гостувањето на Јувентус во Манчестер, за да се види со својот поранешен тренер.
„Брилијантен тренер и пред се прекрасна личност. Од него научив многу работи за теренот и надвор од него. Шефе убаво е што те гледам во добра состојба“, напишал Роналдо.
Португалецот за Манчестер јунајтед има одиграно 292 натпревари и постигнато 118 голови.
A great coach and above all a wonderful man. Taught me so many things inside and outside the pitch. Great to see you in good shape, Boss! pic.twitter.com/Ql4dcuJvCW
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) October 24, 2018