lanЗборувајќи првпат отворено по заминувањето од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо призна дека е разочаран што претседателот на клубот, Флорентино Перез секогаш зборувал за бизнисот, а никогаш од срце.
Во интервју со „Франс фудбал“, португалската ѕвезда зборува за времето во Реал, каде што помина 9 години и освои сѐ што можеше, пред ова лето да замине во Јувентус, каде што повторно има статус на прв фудбалер на тимот. Роналдо вели дека недостасуваша човечки односи од Перез, главниот човек и архитектот на фантастичните успеси на „кралскиот клуб“.
„Флорентино Перез никогаш не ме гледал поинаку од тоа што сум дел од бизнис врска со него. Работите кои ги кажуваше, никогаш не ги велеше од срце. Остварив многу работи во Реал Мадрид и имаше неверојатни моменти со фантастични соиграчи и тоа секогаш ќе биде дел од моите сеќавања. Секогаш ќе се сеќавам и на одличните фанови, но по девет години, беше време за промена. Чувствував промена во клубот, посебно од претседателот, како да не ме сакаа толку како на почетокот. Веќе ме сметаа дека сум заменлив“, вели Роналдо.
Тој додава, дека, и покрај фантастичните пари кои ги заработува во Јувентус како најплатен фудбалер на „чизмата“ одлуката не била финансиски мотивирана, туку дека сметал дека совршено ќе се вклопи во гигантот од Торино.
„Да беше за парите, ќе одев во Кина, каде што ќе заработував пет пати повеќе отколку тука или во Реал Мадрид. Не дојдов во Јувентус за парите. Заработував исто и во Мадрид, ако не дури и повеќе. Разликата е во тоа што Јувентус ме сакаа во тимот. Ти ми го кажаа тоа гласно и јасно. Ми покажаа дека сакаат да сум во Торино“, додава Португалецот.
Фото: ЕПА/Франс Фудбал