Денот кога лутите ривали Интер ја прославија титулата од Серија А, прекинувајќи ја нивната низа од девет трофеи во низа, на Јувентус им беше потребен блесок на Кристијано Роналдо да стигнат до тешко извојувана 2:1 победа кај Удинезе обезбедена во последните минути од мечот.
Дека работите оваа сезона не одат најдобро за Јувентус оваа сезона е јасно одамна, но првото полувреме на „Дачија арената“ беше едно од најлошите за нив оваа сезона. Нахуел Молина ги донесе Удинзе во водство уште во 10. минута од мечот по катастрофалната реакција на одбраната на Јувентус, и потоа успеаја да не им дозволат многу шанси до крајот на полувремето.
Јуве успеа да израмни дури во 82. минута, кога слободниот удар на Кристијано Роналдо заврши во раката на Родриго де Паул и веднаш беше досуден пенал, кој Роналдо безмилосно го реализираше. Роналдо повторно беше „џокер“ на Андреа Пирло кога во 90-тата минута по асистенција на Адриен Рабио успеа да го совлада противничкиот голман за три поени
Со овој резултат, Јуве успеа да го искористи киксот на Наполи и да ги помине на третото место на табелата. Аталанта на второто место, Јувентус на третото и Милан на четвртото место имаат по 69 поени, додека Наполи има 67, најавувајќи интересни последни четири кола во шампионатот, посебно бидејќи веќе следната недела Јуве ги пречекуваат Милан!
Графика: Sofascore за Топспорт.мк