Top Sport

Роналдо ги ставил Јуве пред „свршен чин“, Јунајтед се однесувале „како клуб со традиција“

Спортскиот директор на Јувентус, Федерико Керубини откри како реагирале „бјанконерите“ кога Кристијано Роналдо директно им соопштил дека веќе не сака да игра за италијанскиот клуб, и во исто време ги пофали Манчестер јунајтед дека се однесувале како „клуб со традиција“ при преговорите за трансферот.

Керубини вели дека Јувентус ќе ја решеле иднината на Роналдо пред крајот на договорот во 2022, но дека Португалецот ги ставил пред свршен чин со желбата да замине.

„Роналдо беше многу директен во искажувањето на желбата да замине, и за некои одлуки не можеш да преговараш. Тоа не би било прикладно за нашиот клуб. Јувентус се поважни од секој фудбалер, така што решивме да се фокусираме на иднината и да не го заддржуваме Кристијано“, вели Керубини.

На прашање дали е можно Роналдо да завршел во Манчестер сити по шпекулациите дека „граѓаните“ сакале да издејствуваат слободен трансфер, Керубини беше директен.

„Немаше услови да се направи тоа. Манчестер јунајтед се однесуваа поинаку, како клуб со традиција. Но, не беше можен друг крај по начинот на кој Роналдо зборуваше со нас“, додава Керубини.

Scroll to Top