Top Sport

Со разголени фотографии ги покрива трошоците за тренинзи

Поранешната УФЦ шампионка, Џесика Андраде вели дека направила одлука да отвори акаунт на „Онлифанс“ откако се појавиле нејзини разголени фотографии онлајн, и дека со помош на овој сајт кој често се користи за порнографија, ги покрила своите трошоци за тренинзи и тоа и дозволило да се пресели во Лас Вегас.

Бразилката, која е поранешна шампионка во сламка категорија, која загуби од Валентино Шевченко во последниот меч во април, вели дека наместо да се срами од фотографиите, решила да се мотивира.

„Ги исплатив ратите за мојот автомобил и платив кирија за шест-седум месеци однапред во Лас Вегас. Не сум потрошила ништо од парите кои ги заработив за последниот меч. Ги платив сметките во Бразил, помогнав на моето семејство и на мојата сопруга Фернанда со тие пари. Луѓето мислат дека ‘Онлифанс’ е само порнографија, но не е само тоа. Тоа е платформа да си го покажеш секојдневието и јас сум многу задоволна“, вели Андраде.

Scroll to Top