Top Sport

Роналдо ги учи децата како да мијат раце (видео)

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо на Инстаграм објави видео во кое ги учи своите деца како да ги мијат рацете во борба против пандемијата на корона вирус.

Португалецот постојано преку социјалните мрежи ги потсетува своите фанови да ги следат препораките на Светската здравствена организација (ВХО) за ризикот од корона вирусот, а секако, миењето раце е еден од главните фактори за заштита и Роналдо ја сфати ситуацијата сериозно.

Три од соиграчите на Роналдо од Јувентус се позитивни на корона вирусот, Пауло Дибала, Блез Матуиди и Даниеле Ругани, а самиот Португалец е дома во Мадеира каде што неговата мајка неодамна беше пуштена од болница откако доби мозочен удар.

Scroll to Top