Кристијано Роналдо верува дека Манчестер јунајтед може да избори пласман во Лигата на шампионите. Португалецот преку „Инстаграм“ испрати мотивирачка порака до соиграчите.
„Црвените ѓаволи“ се седми во Премиер лигата со 51 бод. Три бода повеќе имаат Тотенхем и Арсенал, кој има и натпревар помалку од Јунајтед.
До крајот на сезоната, во Премиер лигата, Манчестер јунајтед ќе одигра уште осум натпревари.
Роналдо се огласи на „Инстаграм“ откако ја доби наградата за играч на месецот.
„Индивидуалните награди секогаш се добредојдени, но секогаш вредат повеќе кога зад нив стојат тимските победи. Има уште многу работи за кои се бориме до крајот на сезоната.Никогаш не смееме да се откажеме од целите. Ајде да се бориме до последениот здив. Одиме ѓаволи“, напишал Роналдо.