Top Sport

Азар имал намера да се врати во Челси

Еден Азар има намера да го напушти Реал Мадрид. Белгиецот сака да оди во клуб каде што ќе игра за да биде во вистинска форма пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Реал за Азар платија речиси 115.000.000 евра, за возврат не добија ништо. Поранешниот играч на Челси, повеќе време минува во лекарската ординација отколку на теренот.

Поради повреда на стапалото тој пред време ја заврши оваа сезона.

Шпанските медиуми тврдат дека Реал нема да се противи на желбите на играчот. Ако не може да го продаде, тогаш би го испратиле некаде на позајмица.

Сериозен интерес за Азар, наводно покажал Челси, поточно менаџерот Томас Тухел, кој разговарал со фудбалерот околу потенцијалниот трансфер.

„Ел насионал“, тврди дека Азар бил подготвен да се врати во Челси во моментот клубот повеќе нема да биде во сопственост на Роман Абрамович.

Азар од 2012 до 2019 година го носеше дресот на клубот од „Стенфорд Бриџ“. Одиграл 352 напревари, постигнал 110 гола и забележал 92 асистенции.

Scroll to Top