Поранешниот француски репрезентативец Хатем Бен Арфа по шест месеци има нов клуб. До крајот на сезоната тој ќе игра за тимот на оригиналниот Роналдо, Валјадолид.
Овој 32 годишен фудбалер, познат по големиот талнет и незгодниот карактер, во првиот дел од сезоната не играше бидејќи немаше клуб откако му истече договорот со Рен.
Наводно сакал да се одмори поради што не барал клуб за есенскиот дел од сезоната.
Претседателот на Валјадолид Роналдо инсистирал на трансферот. Бен Арфа ја прифатил понудата прв пат во кариерата да заигра во шпанската Ла Лига.
?? ¡Ben Arfa!
?? https://t.co/S7bdX8cqQe#pucela #RealValladolid pic.twitter.com/4qvvifZPeg
— Real Valladolid C.F. (@realvalladolid) January 28, 2020