Top Sport

Уапсени играчи на Грац, местеле натпревари

Петмина професионални кошаркари од австрискиот тим УБСЦ Грац се уапсени под сомнение за местење натпревари. Тие се сомничат дека натпреварите ги наместиле за нивниот тим, соопшти Хансерг Бахер, претставник на Државното обвинителство за Грац.

Имињата на уапсените не се објавени, иако медиумите тврдат дека се работи за за двајца Американци итројца играчи од поранешна Југославија.

Бидејќи постоел ризик од бегство тие на барање на обвинителството биле уапсени и веќе биле одржани првите рочишта, за обвинителството не соопштува подробности.

Генералниот директор на првиот тим во Грац, Михаел Фукс, рече дека знаел само дека петмина играчи се уапсени и дека не знае повеќе детали.

На интернет-страницата на клубот се наведува дека во првиот тим, по потекло од поранешна Југославија, се играчите Драго Брчина од Словенија, Хрватите Марко Цар и Матија Пошчиќ, како и Австриецот Томислав Рашиќ.

Scroll to Top