Top Sport

Хјундаи и Тојота подготвени да го вратат Мик во ВРЦ

Тимовите на Хјундаи и Тојота покажаа интерес да потпишат со северноирскиот рели возач Крис Мик, кој доби отказ од Ситроен поради преголемиот број на судари.

38-годишниот Мик не сакаше да ја коментира одлуката на францускиот тим да го отпушти поради „претерано висок број на судири“ по хаосот на Португалското рели, и иако тешко дека може да се врати оваа сезона, Хјундаи и Тојота се подготвени да остават место за него во 2019 година.

„Во моментов не контактираме со Мик, но рано е да се планира 2019. Нема сомнеж дека Крис Мик е возач кој знае да победува. Многу е брз, но и многу е непостојан. Тој е како Јари-Мати Латвала – возач кој не зачудува со постојаноста, но секогаш победува еднаш или двапати во сезоната“, вели шефот на Хјундаи, Алан Пенас.

Мик во 2015 година доби понуда од Тојота, пред да го продолжи договорот со Ситроен, и шефот на јапонскиот тим, финската легенда Томи Макинен кратко изјави дека може да замисли во иднина да соработуваат со Мик.

Фото: ЕПА

Ситроен му го прекинаа договорот на Мик поради „многу судири“! (видео)

Scroll to Top