Top Sport

Роналдо го мрзи и да оди!

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал, Роналдо, по пензионирањето од спортот се „опушти“ и честопати беше предмет на потсмев поради неговиот вишок килограми. Новата фотографија нема да помогне да се тргне мислата на „дебелиот“ Роналдо.

На прошетка од неговиот стан во Мадрид до ближниот ресторан, Роналдо реши да се качи на електронски тротинет, во исто време ризикувајќи да добие казна.

Според новите градски правила во Мадрид од минатиот месец, се забранува користење на електрични тротинети и мотоцикли на деловите за пешаци, а казната е 90 евра. Ова сигурно нема да го загрижи многу Бразилецот, кој неодамна потроши 30 милиони евра да го купи шпанскиот прволигаш Валјадолид.

Scroll to Top