Top Sport

Левандовски утна празен гол во 100-тиот репрезентативен меч, Полска загуби од Чешка (видео)

Роберт Левандовски немаше најдобар 100. меч во дресот на полската репрезентација, откако имаше неверојатна утка за гол, и Чешка ја совлада Полска во пријателски меч во Гдањск со 0:1.

Напаѓачот на Баерн Минхен го имаше едно од најголемите промашувања во својата кариера на само еден метар од голот, по што се правдаше дека му пречи теренот.

Утката се случи во 57. минута од мечот, кога Полска веќе губеше со 0:1 по голот на Јакуб Јанкто во само пет минути претходно.

Фото: ЕПА

Scroll to Top