Кристијано Роналдо ја предводеше Португалија до победа против Босна и Херцеговина во Зеница (0:5), во рамките на квалификациите за Европското првенство.
На овој натпревар Португалецот успеа да постигне два гола и да стане најдобар стрелец во 2023 година.
Во комбинација со неговите настапи во Ал Наср и Португалија, Роналдо стигна до својот вкупно 40. гол оваа година.
Зад себе го остави Ерлинг Халанд, кој во тековната година постигна 39 гола за Манчестер сити и Норвешка.
Двајцата ги следи Килијан Мбапе со вкупно 35 гола за Пари Сен Жермен и француската репрезентација.
Она што е интересно, на 38. годишниот Португалец му беа потребни 43 натпревари за овој потфат, а покрај 40 гола запиша и осум асистенции.
Репрезентацијата на Португалија по осум кола нема пораз во квалификациите за ЕП и со 24 бода на две кола пред крајот го обезбеди првото место и пласман на турнирот во Германија во 2024 година.
Foto/ EPA