Top Sport

Роналдо го „учел“ Ѓоковиќ како да скокне (Видео)

Еден од најдобрите тенисери на денешницата Новак Ѓоковиќ и ѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо имале заеднички тренинг. Португалецот на социјалните мрежи споделил видео на кое се гледа како го „учи“ Србинот да скока.

„Го учев Новак како да скокне. Пријателу мој, задоволство е што те видов и што трениравме заедно“, порачал Роналдо.

Португалецот кој е висок 187 сантиметри, неодамна се прослави со голот против Сампдорија. Контактот помеѓу неговото чело и топката се случил на висина од 256 сантиметри.

Ѓоковиќ се подготвува за новата сезона која ќе започне на 3 јануари со АТП купот во Австралија, додека во Роналдо по празниците првиот меч со Јувентус ќе го одигранна 6 јануари.

 

View this post on Instagram

 

Teaching @djokernole how to jump!!???? Was a pleasure to see you and train with you my friend!!

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Scroll to Top